Јужна Африка се врати во игра за мундијалот

Домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2010 година неочекувано се врати во живот и има уште шанса за пласман на Мундијалот во Бразил благодарение на глупата грешка на Етиопија.

По 5 одиграни кола во А групата на афричките квалификации селекцијата на Етиопија имаше 13 бода, 5 повеќе од Јужна Африка, а со оглед на тоа што до крајот остана уште едно коло, Етиопијците веќе го прославија првото место кое им обезбедува бараж.

Но ФИФА им ја скрати радоста со одземање на 3 бода поради тоа што на натпреварот против Боцвана на теренот се појавил играч кој немал право на настап поради жолти картони. Наместо триумфот од 2:1, мечот службено им е препишан на противниците со резултат 3:0.

Со новиот изглед на табелата Етиопија има само два бода повеќе од Јужна Африка но се уште има големи шанса за зачувување на челната позиција во групата. Во последното коло Јужноафриканците ја пречекуваат Боцвана, а на Етиопија за пласман им е потребен само бод на гостувањето против Централна Африка.

На одлуката на ФИФА, сигурно дека најмногу се израдува Бернард Паркер кој со спектакуларен автогол и подари триумф на репрезентацијата на Етиопија во претходното коло.

1 јули 2013 - 16:55