Италијанските медиуми го величаат хет-трикот на Трајковски

„Трајковски влезе во историјата на својата репрезентација. Постигна хет-трик против Црна Гора и стана четвртиот Македонец на кој му успеало тоа достигнување“, е натписот на Медиагол.

Италијанскиот портал го одбележа дебито на новиот селектор, Игор Ангеловски на кое шоу имаше Александар Трајковски со три гола. Пред него до хет-трик успеале да стигнат само Бошко Ѓуровски, Дејви Главевски и Артим Шаќири.

„Среќен сум што стигнав до едно вакво достигнување, да постигнеш хет-трик секогаш е гордост и би рекол сон на секој напаѓач. За тоа не сум заслужен само јас, туку цел тим кој ми создаде услови да давам голови и со кој исто така одлично се прикажавме. Новиот селекторот Ангеловски ни даде инијекција со доверба и веднаш се виде неговиот придонес. Се работи за тренер кој ми влева многу самодоверба и слобода во офанзивната“, изјави напаѓачот на Палермо.

Ѓуровски во 1994 година сам го реши Кипар со 3:0, а по две години Главевски даде три гола на историскиот гостински триумф над Лихтенштајн од 11:1. Третиот хет-трик на Шаќири се случи на пријателскиот дуел на гости против БиХ во 2002-ра кој заврши 4:4.

13 ноември 2015 - 10:14