Историско осминафинале за Алжир

Крај на возбудувањата од групната фаза на Мундијалот во Бразил. Осум американски, шест европски и две африкански селекции ќе ја имаат честа да ги бранат боите на своите земји во топ 16 фазата.

Група Х

Алжир - Русија 1:1
Силмани 60` - Кокорин 6` 

Русија предводена од славниот Фабио Капело не излезе на крај со фудбалерите на Алжир кои со конечни 1:1 стигнаа до сензационално прво учество во нокаут фазата. Русите имаа предност уште од шестата минута со голот на Кокорин, но Силмани е фудбалерот кој им го донесе огромно славје на Африканците кои во осминафиналето ќе се сретнат со Германија.

Кореја - Белгија 0:1
Вертонген 78` 

Фудбалерите на Белгија се четвртата селекција која стигна до максимален учинок од три победи во групната фаза. Со голот на Вертонген на 12 минути до крајот нашиот противник од квалификацискиот циклус за Мундијалот во Бразил славеше минимално над Кореја. Белгија во нокаут фазата ќе се пресмета со САД.

26 јуни 2014 - 23:58