Историски момент во Битола, светна Тумбе Кафе

Ете до таму ни е стасан клупскиот фудбал, да во 21 век објавуваме дека фудбалски град како Битола за прв пат се радува на рефлектори.

Градски на страна, на кој сме горди и каде ги угостивме Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во финалето на Супер Купот на Европа 2017, со друг саглам стадион и не можеме да се пофалиме, па барем да најавиме дека таков доаѓа.

По долго време влечкање и мешање малтер, новата трибина на Тумбе Кафе конечно е готова, а тоа значи дека наскоро битолчани за прв пат ќе добијат стадион на кој ќе може да гледаат ноќни натпревари.

За сега свети само реновинараната трибина, а се очекува да блеснат рефлекторите на цел стадион по што во Битола ќе може да почне вечерна фудбалска треска.

Со ова реновирање на култниот Тумбе Кафе ќе може да се играат европски мечеви, а зошто да не и натпревари на македонската репрезентација.

Битолчани заслужија подобар стадион и конечно го добиваат.

Ама и дренажа да ставите, да не ни се смее цел свет.

8 април 2022 - 14:18