Историјата на Парма на распродажба

Стечајните управители ќе понудат сè што може да се продаде од клубот, како на пример пехарот од Купот на УЕФА, а заинтересираните ќе може да купуваат почнувајќи од 11 септември.

Поранешниот италијански прволигаш во моментов е како згасната фабрика во стечај од каде секој ќе има можност да купи што сака. Двајцата стечајни управители Анџело Анеда и Алберто Гуијото на сајтот www.fallimentiparma.com направија листа на целиот материјал кој може да се купи од историјата на Парма.

Од трофеите на распродажба се: Купот на Италија 1992, Купот на куповите на победниците 1993, Супер Купот на Европа 1994, Купот на УЕФА 1995, Купот на Италија, Купот на УЕФА и Супер Купот на Италија од 1999 и Купот на Италија од 2002 година.

Тоа не сè. Од клубот ќе се продава и спортска опрема, разни апаратури од медицинската опрема, потоа телевизори, смартфони, а ќе биде во продажба дури и името ФК Парма.

Секој кој ќе учествува во продажбата во периодот меѓу 11 септември и 12 октомври ќе добие 10% попуст од понудената роба.

Новата историја на Парма почнува со ново име, управа и стручен штаб, а во моментов е во потрага по играчи бидејќи до сега имаат собрано само десетмина кои стартуваат од четврта лига.

13 август 2015 - 15:10