Ибраими против Челси, Шалке и Спортинг

Нашиот единствен претставник кој ќе дебитира во елитната Лига на шампиони ги доби протвниците на денешната ждрепка во Монако. 

Фудбалерите на Марибор кој по гостинскиот триумф над Селтик се изборија за второ учество во Лигата на шампионите се паднаа во групата Г, каде ќе имаат многу тешка задача за изненадување и пласман во нокаут фазата.

Бранителот на титулата е дел од групата Б, а таму се најде дебитантот Лудогорец, како и екипите на Базел и Ливерпул. Една од најнеизвесните групи ќе биде онаа со гигантите Баерн Минхен и Манчестер Сити, каде се најде и засилената Рома, како и редовниот учесник ЦСКА Москва.

Група А
Атлетико Мадрид, Јувентус, Олимпијакос, Малме

Група Б
Реал Мадрид, Базел, Ливерпул, Лудогорец

Група Ц
Бенфика, Зенит, Баер Л, Монако

Група Д
Арсенал, Борусија Дортмунд, Галатасарај, Андерлехт

Група Е
Баерн Минхен, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Рома

Група Ф
Барселона, ПСЖ, Ајакс, АПОЕЛ

Група Г
Челси, Шалке, Спортинг, Марибор

Група Х
Порто, Шахтјор Доњецк, Атлетик Билбао, Бате Борисов

28 август 2014 - 18:50