Хрватската полиција ја претресува куќата на Мамиќ

Контроверзниот претседател на Динамо Загреб кој дрма со години во хрватскиот фудбал е осомничен за мито, корупција и затајување на данок, пишува Индекс.

Полицијата утринава влегла во куќите и становите на Здравко и неговиот брат Зоран Мамиќ кој е тренер на Динамо Загреб, а акцијата ја води Бирото за сузбивање корупција и организиран криминал. Според пишувања на Индекс претрес се прави и во службените простории на Динамо.

„Ве известуваме дека по налог на основниот суд во тек е истрага која ја води УСКОК, а предметот е против двајца: извршниот претседател на Динамо Загреб и тренерот Зоран Мамиќ“, изјавиле од клубот.

Пред домот на Мамиќ се појавил и неговиот адвокат, додека Мамиќ е на припреми со клубот во Словенија. На новинарите на Јутарни лист тој им рекол дека наскоро ќе добијат соопштение за случајот, додека неговиот брат ги однел играчите на тренинг.

„Се слушнав со мојот адвокат и останувам овде до понатамошното известување. Се понудив веднаш да се вратам во Загреб, но ми рече дека нема потреба. Ќе останам со клубот се додека некој не ми рече нешто друго“, изјавил Мамиќ за 24 часа.

Мамиќ синоќа му се израдува на најскапиот трансфер во историјата на хрватскиот фудбал. Денеска во Словенија Динамо Загреб треба да одигра пријателски натпревар против Вардар.

2 јули 2015 - 11:22