Таг: здравко мамиќ

Мамиќ во Скопје кога дојде беше жива атракција

Шерифот од Максимир, на Градски беше за мечот Вардар - Динамо Загреб. На полувреме од средбата не го оставија да дише.

Најлудиот јавен настап во кариерата на Мамиќ

Католилични Божиќ 2010-та. Здравко Мамиќ пуштен на најјако. Бара од новинарите да го растурат со прашања, ама како да фали новинарска храброст. Еден се обиде, ама Мамињо полуде и го изгуби компасот.

Мамиќ и официјално свирна крај во Динамо Загреб и фудбалот

Човекот кој направи балкански гигант, мајстор за трансфери, дрзок и безобразен со новинари, многу вешт, харизманичен, арогантен, авторитет број 1 во хрватскиот фудбал со статус на бегалец веќе пет години во БиХ, се одјави од фудбалот.

Како Мамиќ го открил Гвардиол и направил „лицитација“ меѓу Лидс и Лајпциг?

Со брат му ја врзале да игра во првиот тим на Динамо уште како тинејџер, а потоа преку син му договарал трансфер во Лидс. Но агентите влечеле повеќе накај Лајпциг за доброто на неговиот развој и покрај тоа што Англичаните нуделе 27 милиони евра. Кога Здравко Мамиќ го видел Јошко Гвардиол како игра на турнир на само 16 години, одма се фатил за телефон за да го прекомандува.

Здравко Мамиќ за успехот на Хрватска

Веќе неколку години се води како бегалец во БиХ, но кога ќе се изјасни за некоја фудбалска тема, влече еден куп внимание. Скоро 20.000 лајкови и 1.000 коментари собра неговиот последен статус.

Мамиќ до Уставен и Врховен суд: Вие се најлоша колера и полоши сте од земјотрес, корона, птичји и свински грип

По една година пауза, Здравко Мамиќ закажа прес конференција на која во негов стил, како бегалец од Бих, го отера по ѓаволите цело хрватско правосудство до седмо колено. Насловот е само мал дел од неговиот арсенал на напади и вулгарности.

Ве поздрави Здравко Мамиќ, гол качен на шанк

Во Загреб го чека затворска казна, во Мостар е слободен, ама ептен слободен и плус во елемент како што го знаеме. Уво не го боли за казната.

Срдечна порака од Мамиќ до седмо колено

По правосилната затворска казна од шест и пол години која му ја потврди Врховниот суд, Здравко Мамиќ пушта “бомби“ на Фејсбук по судии за кои тврди дека се корумпирани и на нападите против него, одговара со напади. Но тоа не значи дека е активен само на социјални мрежи. 

Мамиќ за претседателот на Врховен суд: Клептоман, криминалец, преварант и злосторник

Само Здравко Мамиќ држи прес конференции од 2 часа, како што го направи тоа синоќа во Мостар, ама што е многу многу е. Извадивме само едно парче од 2 минути и пар поенти од шоуто. Не бе, неповторлив лик е. Сам си кажа колку пари до сега дал за судии.

Се огласи бегалецот Мамињо по големиот успех на Динамо

Неприкосновениот хрватски шампион по којзнае кој пат во последните неколку сезони игра сјајна улога во еврокуповите. Овојпат се први во својата група во Лига Европа и после 5 одиграни меча не примија ниеден гол. За таквиот учинок гордо се испрси Здравко Мамиќ.

Ново свадбарско шоу на Мамиќ

Добро не е дека одлепи како кај син му на свадба, ама пак сака да е центар пажња, па имаше пеење, скокање и веење на знамето на Динамо Загреб, а на репортоар одеа „Кошуља плава“ и „За стара добра времена“.

Тоа е тој муабет на високо ниво меѓу Мамиќ и новинар

Здравко Мамиќ престојува како бегалец во БиХ, бидејќи во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор. Организира прес конференција и таа минува во негов стил, со таа разлика што сега се најде јунак меѓу новинарите да му го плесне во фаца, ама во Мамиќ стил. 

Како Мамиќ ја издржува затворската казна

Хрватите лани му стегнаа затворска казна на Здравко Мамиќ од шест и пол години за финансиски малверзации со трансфери во Динамо Загреб. Арно ама ден пред да ја соопштат пресудата будалата фати штрафта за БиХ, бидејќи има и босански пасош. Исто така таму има и пријатели кои го канат на свадба, па Хрватот се наоѓа во Босна и лумпува на српски песни со откопчана кошула.

Мамиќ возвраќа: „Мојот одговор ќе биде невидено оружје“

Ноќта пред да му ја изречат казната затвор, Здравко Мамиќ од Хрватска преминал во Босна и Херцеговина каде има намера да остане и праќа пораки до хрватската јавност.

Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ!

По разни перипетии, одлагања, исфрлање од судница и напорни рочишта, човекот кој жареше и палеше со хрватскиот фудбал е осуден на затворска казна заедно со неговиот брат.

Мамиќ по грешка на судот му дал спремни одговори за Ловрен

Целиот циркус на судењето на Здравко Мамиќ и натаму трае. Денес на судот по грешка му предал документи меѓу кои имало и спремни одговори за фудбалерот на Ливерпул и хрватски репрезентативец.

Здравко Мамиќ топ не го бие

Го нападнаа физички, па пукаа со пиштол во него и го ранија во нога, па му се закануваа и го заплашуваа, а тој одговори со шоу на свадбата на син му Марио.

Какво пукање бе, Мамиќ е главен во кафана

Му удрија бокс и летна во море, а потоа го погодија со пиштол во нога. Ама ногата вака здрава на видеово, инаку од оние покултурните каде Мамиќ не е гол, иако не знаеме што се случувало до крај.

Атентат врз Здравко Мамиќ

Првиот човек на Динамо Загреб е ранет во нога и се наоѓа надвор од животна опасност, пишуваат хрватските медиуми. Ова е втор напад врз него летово.

Хрватските репрезентативци, Мамиќ и Саша Матиќ

Изминатиот викенд фудбалерот на Реал Мадрид, 23-годишниот Матео Ковачиќ во Дубровник направил лускузна свадба, а меѓу гостите бил и Бразилецот Марсело којшто се чудел кога го гледал Мамиќ како игра додека Саша Матиќ му пее.

Како Лука Модриќ стана државен непријател број 2?

Десетката на најдобриот клуб во Европа во моментов, Лука Модриќ е почитуван насекаде во светот, само не во својата татковина каде го навредуваат и исвиркуваат. Зошто?

Мамиќ правеше циркус во судница, па ги избрка адвокатите

Мамињо предизвика инцидент во судот во Осиек каде требаше да сведочи фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен. Ги избрка и адвокатите кои го бранеа па им се пушти и на новинарите.

Здравко Мамиќ доби бокс и падна во море

Поранешниот претседател на Динамо Загреб кој сега работи како советник во клубот се соочи со непријатен инцидент и во еден момент останал без свест.