Хорор пеналот на анонимусот кој стана легенда на свој начин

Ако некој ви го спомне името Питер Девин, веројатно нема ништо да разберете. Потоа може да ви рече „Абе оној Питер Девин“ и за да не бидете како паднати од Марс, најдобро да го најдете видеото по кое Питер Девин уствари стана славен.

Се работи за фудбалер на англискиот нисколигаш Ланкастер Сити и тука не е важно да знаете кој клуб е тоа, во која дивизија игра или колкав им е буџетот, туку важно е да знаете само што направил Питер Девин.

Во Куп натпревар во 1991-ва година Питер го има направено еден од најневеројатните ОБИДИ за изведување пенал во историјата на фудбалот.

Сè беше наместено и изгледаше дека тоа ќе биде само еден регуларно изведен пенал, но се случи невиден куршлус.

На Роналдо и Меси им беше судено да бидат владетели со светскиот фудбал изминативе десетина години и ни пружија нешто што ги помести границите во фудбалот.

Луѓето како Питер пак не потсеќаат дека фудбалот сепак е игра која можат да ја одбележат и анонимни јунаци, па макар тоа било и на овој начин.

Н-Е-П-О-В-Т-О-Р-Л-И-В-О

10 декември 2018 - 16:08