Зошто ќе не закопаат два метра под земја?

Сметаме дека нема подобар начин за рассонување и релативизирање на понеделничката депресија (леле школо, леле работа) од една ваква тема. Видете, да бидеме искрени, сите ќе умреме. И бидејќи кај нас нема крематориум, најверојатно ќе не закопаат два метра под земја. Значи, од каде и од кога потекнува тоа правило за два метра?

2 метра е всушност наша заокружуванка. Оригиналот изнесува 1,82 метра како што гласи указот на лондонскиот градоначалник од 1665-та година.

Причина за вакво прецизирање е големата црна чума што го зафати Лондон во средината на 17-от век и која однесе околу 100.000 животи односно 20 проценти од целата популација на градот. За да се спречи ширењето на епидемијата, властите донеле низа правила за живеење и умирање, меѓу кои и ова погребново.

Оттогаш, нормата се пренесува и на останатите британски колонии. Во САД правилата варираат од држава до држава. Некаде на сила е старото британско правило а некои држави пропишуваат покојникот да биде покриен со најмалку 48 сантиметри земја.

Имајте убав, ведар и исполнет ден.

3 декември 2012 - 08:38