Кој е прв човек на Проклетиот Јунајтед

Хировите на суеверниот Италијанец што го води Лидс

Тренерската професија е најнесигурна работа. Често зависи од тоа дали импулсивниот претседател на клубот станал на лева нога. Ова е приказната за Масимо Челино, суеверниот газда на Лидс Јунајтед кој има по нешто од Џиџи Бекали, Здравко Мамиќ и Ѕампарини.

Повеќето од нив се толку крволочни и сурови што новинарите мораа да измислат посебен термин ''mangiallenatori'' (тренерождерачи). Масино Челино е еден од претставниците на овој вид претседатели. За 22 години како претседател на Каљари смени дури 36 тренери. На чело и натаму е апсолутниот рекордер Маурицио Ѕампарини кои смени 44 тренери, но Челино не отстапува од намерата да го стигне.
 
Во 17-от месец на газдување во Лидс Јунајтед, Масимо Челино го смени Уве Реслер, петтиот избркан тренер откако Италијанецот е претседател на англискиот клуб. Реслер помина 152 дена повеќе од неговиот претходник Дарко Миланич.
„Тренерите се како лубеници, никогаш не знаеш колку е добра додека не пробаш и друга“, изјави Челино во една прилика.
Пример земал од татко му, Ерколе Челино. Роден во сиромашно семејство, Ерколе со духовитост и посветеност од обичен возач во градската мелница за 10 години станал еден од највлијателните луѓе во земјоделството на Италија. Од петте деца на Ерколе, најспособен се покажал Масимо кој во 1978. година отишол да живее и работи во Австралија, но се враќа веќе кон средината на 80’-те години на чело на семејството кое го проширува бизнисот со испорака на жито и пченка.
 
Во ’90-те години го купува Каљари кој во сезоната 93/94 стигнува до полуфиналето на Купот на УЕФА, а истовремено Челино го носи клубот меѓу подобрите во Италија. 

Во 2001. година, Челино западна во сериозен скандал со фалсификување на документи за избегнување на данок. Ако тогаш избегна секаква казна, Челино во 2013-та година не можеше против судството. Беше откриено дека сопственикот на клубот од Сардинија се обидел да го поткупи претставникот на Националната агенција за цивилно воздухопловство, за иградба на новиот стадион Ис Аренас кој би бил кај аеродромот до градот.
 

Оваа приказна со судовите долго време го следела Челино во родниот град, по што во 2010-та реши да купи некој англиски клуб. Понудата од 68 милиони евра ја одбиле од Вест Хем.

Челино се качува на бина на концерт да свири на гитара:

Неколку години подоцна, Челино реши да го плати долгот на Лидс Јунајтед на кој му се закануваше банкрот и стана претседател на овој клуб. Но повторно не мина без проблеми, затоа што англиската ФА стави вето на договорот со Лидс Јунајтед затоа што Челино во Италија требаше да се појави на суд за избегнување данок при купување јахта.

Прво нешто што направил во Лидс Јунајтед, го забранил за употреба бројот 17 кој во неговото родно место се сметал за малерозен број. Решил да се исфрлат сите маици со тој број, а најгруб бил со со голманот Педи Кени кој го избркал од клубот затоа што бил роден на 17. мај.

За жал по управата на Лидс, по самото доаѓање на Челино морале да ги преработуваат сите документи и меморандуми затоа што биле отпечатени со пурпурна боја - уште една работа која носи несреќа во родниот крај на Челино. Англичаните биле изненадени од последното суеверие на Челино пред стартот на сезоната. Наложил на сите страни на теренот да се исфрли сол против уроци.

Италијанецот покажал и некоја добра страна и за разлика од другите претседатели, за да биде поблизу до играчите решил да им готви паста пред мечот со Бурнемут. Во еден момент од сезоната Челино отишол во својот дом во Мајами од каде на телевизија ги следел натпреварите на Лидс и често знаел преку телефон да им суфлира на тренерите кој играч што и каде да игра.

Да се направи интересен, еден од подобрите фудбалери на клубот, Стивен Ворнок на еден важен натпревар дал гол и го прославил иронично со телефонска слушалка на увото. Челино збеснал а Ворнок не бил во составот следното коло.

Неодамна Челино уште еднаш имаше проблеми со италијанското судство. Поради тоа што е прогласен за виновен за незаконско внесување на Ренџ Ровер од САД во Италија, англиската фудбалска федерација го суспендираше на 8 месеци.

„Со доаѓањето на Челино, клубот се претвори во мртовечница. Кога се вративме од одмор, кујната и сите капацитети беа затворени, а вработените отпуштени. Сите тренери беа исцрпени и депресивни. Лидс престана да биде место во кое е пријатно да се престојува", изјави еден поранешен играч на клубот, Рос Макормак.

Во меѓувреме, интерес да го купи Лидс Јунајтед пројави познатиот актер Расел Кроу. Тој би имал голем предизвик: Да го врати клубот во Премиер лигата и да го ослободи од непредвидливиот сопственик.