Господинот Стиви Џи растура со Ренџерс

Славниот шкотски клуб кој повеќе од една деценија не можеше да се опорави од финансиски проблеми и секогаш беше во сенка на смртниот ривал Селтик, сезонава го води орото во Шкотска благодарение на легендарниот Џерард.

Минатата недела Ренџерс водеше 1:3 против Бенфика на гости во Лига Европа но во последна минута домаќините извлекоа бод. Тимот предводен од Џерард е лидер во својата група во Лига Европа (ги победи Стандард и Лех), а во шкотската Премиер лига доминираат како што одамна не доминирале.

Минатиот викенд Ренџерс дома го разнесе Хамилтон со 8:0! По два гола дадоа тројца фудбалери: Кемар Руф, Џо Арибо и Џејмс Таверние.

Иако се сретнаа првата и последната екипа на табелата, статистиката кажува каков тим направил Џерард: 24:0 односот во шутеви, 14:0 во рами на гол, 6:0 однос во корнери: 77% посед наспроти 23%. Хамилтон за претходните 11 кола примил 11 гола, а од Ренџерс 8. (интересно во март Ренџерите изгубија од Хамилтон 0:1).

Џерард сега се сетил на тој меч:

„На минатиот натпревар со Хамилтон ние створивме 25 шанси, ама им дозволивме на ни ја украдат победата. Се радувам што денес не беше така. Сакаме до последна капка крв да го направиме „Ајброкс“ неосвоив, каде ќе им биде тешко на ривалите. Во минатото некои екипи доаѓаа тука и се чувстуваа самоуверено, но денес веќе никому не го дозволуваме тоа“.

И во право е иконата на Ливерпул:

- Ренџерс дома сезонава славеше на сите натпревари - 8 дуели со гол разлика 25:0.

- На гости исто играат одлично. Единствена британска екипа се од прва лига која нема ниеден пораз сезонава во сите натпреварувања. Притоа 16 од 20 меча ги добиле без примен гол.

- После 14 кола Ренџерс е прв во шкотската Премиер лига со гол разлика 37:3. За споредба, Селтик веќе примил 11 гола и покрај тоа што има 2 меча помалку од најголемиот ривал.

Момците на Стивен Џерард имаат 9 бода предност на табелата со 2 меча повеќе, но сезонава им се даваат најголеми шанси да ја освојат првата титула после цели 10 години!

Да не заборавиме дека поради страшни финансиски проблеми Ренџерс заврши во четврта лига па се врати од пепелот.

 

10 ноември 2020 - 19:41