Голема поддршка за Миовски во Шведска

Бојан Миовски и втората сезона за Абердин ја стартува фантастично и набрзина стигна до 4 гола и 2 асистенции. На гостувањето во Лига Европа му направија изненадување.

Меѓу шкотските навивачи во Гетеборг, Абердин имаше поддршка од многумина во црвена боја, а меѓу нив можеа да се забележат и црвено жолти знамења.

Прекрасниот декор на трибината го направија македонски навивачи кои живеат во Шведска и кои уживаа во игрите на Бојан кој блесна со гол и асистенција.

Благодарение на него, Абердин следниот четврток ќе го пречека Хакен дома со резултат 2:2 и големи шанси за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Македонскиот репрезентативец ги испочитува нашинците и се фотографираше со нив. 

Порака за навивачите

Погледнете од овој агол како мајсторски се снајде пред гол

25 август 2023 - 09:29