Гол и асистенција на Адеми против Хајдук, Рики сликаше за време на делириумот

Македонските репрезентативци направија шоу на најголемото хрватско дерби кое Динамо Загреб го доби убедливо со 4:0.

Во 23. коло од хрватскиот шампионат, актуелниот шампион на Хрватска го декласираше големиот ривал, а еден од главните протагонисти беше Аријан Адеми кој во рок од две минути запиша гол и асистенција.

Гостинот капитулираше многу брзо уште во 8 и 10 минута, кога Адеми одлично се снајде во шеснаесетник, а потоа му намести гол на Батурина.

Конечните 4:0 ги постави Иванушец кој погоди во 38 и 63 минута.

Со овој триумф Динамо му избега 11 бода на Хајдук со што уште повеќе се доближи до новата титула број 24.

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски на крај зема апарат за да го овековечи славјето на своите соиграчи.

 

26 февруари 2023 - 19:25