Фудбалерот кој коронавирусот го заглави 73 дена на аеродром

Сторијата со Том Хенкс беше само филм по име Терминал, но ова е вистина која се случи во Индија. Остај друго, него типот и циклон преживеал, не само вирус и имал 11 евра во џеб.

Ренди Хуан Милер е тотален анонимус од Гана кој играл фудбал во државата Керала, која се наоѓа во југот до Индија. Том Хенкс не можеше да мрдне од аеродромот во Њујорк бидејќи имаше истечен пасош и беше без виза за влез во САД, а не можеше да се врати дома, бидејќи во неговата земја се водеше војна.

Милер во реалниот живот беше спречен од сосема поинаква причина која ја парализираше планетата. Ковид 19. На почеток на март фатил воз за Мумбаи од каде планирал да полета за Гана, но тогаш му почнува кошмарот.

Глави преку два месеци на аеродром откако сфаќа дека сите меѓународни летови се откажани поради пандемијата, со 11 евра заштедени од сиромашниот фудбал во Керала кој бил прекинан, се додека случајот не го решиле од амбасада, која му обезбедила хотелско сместување.

Милер го видел светлото од тунелот по 73 дена.

Ми ветија дека со првиот лет ќе можам да се вратам дома. Мислев дека ќе умрам, раскажува фудбалерот кој првите денови се чувствувал како затвореник, бидејќи немал каде да оди.

„Првиот ден ме разбуди полицаец и побара да го напуштам аеродромот, но јас не можев да се вратам во Керала затоа што и возовите беа во прекин, а не можев да престојувам ниту во хотел, бидејќи немав пари“.

Алтернатива за спиење му бил паркот, сокриен во некој ќош каде полицијата не можела да го најде.

„Тоа беше едно од поубавите места на кои сум спиел, со ветре, ѕвезди и пријателски народ“, сведочи Милер кој успеал да го преживее и циклонот Нисарга кој го погоди Мумбаи минатата недела.

Веќе во таа вонредна ситуација токму полицијата му помогнала и го заштитила во канцеларија, а кога тој им ја раскажал својата сторија, одлучиле и да му помогнат.

„Гледавме заедно филмови, им раскажував за Гана и мојот роден град и поминавме заедно денови во кои зборувавме за политика, спорт и религија. Дури и ми дадоа мобилен телефон, бидејќи мојот се оштети. 20 дена се немав слушнато дома со семејството, затоа што телефонот повеќе не ми се полнеше. Мислев дека ќе умрам“.

Во секое време имало некој кој му давал храна и по некој пијалак, но она што го утепало, било осаменоста.

„Секој ден иста рутина, исто место, исти луѓе. Ќе полудев. Инаку сега немам пари за да купам некој сувенир за дома, но мислам дека поголем сувенир од ова искуство не постои. Фала му на Господ што ќе се вратам дома“.

9 јуни 2020 - 15:36