Фудбалери со елеганција во движење

Ги гледаш и едноставно им се воодушевуваш со колку едноставност и леснотија го играат или го играле фудбалот. Се работи за 15 имиња кои станаа светски ѕвезди и кои ги поврзува зборот елеганција.

Паоло Малдини

Освен тоа што беше пример за лојалност, поврзаност за еден ист дрес и светска класа на играч, иконата на Милан со број 3 имаше елегантен начин на игра во одбрана кога треба да се чува противникот и едноставно ретко се случуваше да има лош ден.

Алесандро Неста

Сличен ков на играч беше и Неста кој беше столб во одбраната на Милан и Лацио, кој важи за еден од најдобрите италијански дефанзивци во историјата. Елеганцијата најмногу ја демонстрираше во лизгачките стартови и начинот на кој често ја ловеше топката која требаше да стигне до неговиот чувар.

Пабло Аимар

„Тој знаеше што ќе направи со топка уште пред да ја прими. Ми беше инспирација“, изјави Лионел Меси за Аимар. Фудбалер кој во европскиот фудбал направи помалку со оглед на потенцијалот кој го имаше.

Рикелме

Фантазист, техничар и елегантен играч. Три карактеристики кои го опишуваат Хуан Пабло Рикелме. Поранешниот играч на Бока Јуниорс кој ги носеше дресовите на Барселона и Виљареал ги освојуваше навивачите со начинот на игра. Тој е една од најважните 10-ки во историјата на аргентинскиот фудбал.

Дејвид Бекам

Оваа листа не може да помине без него. Тој беше елегантен и на терен и надвор од него, а тоа го гледаше цел свет додека играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.

Андрес Иниеста

Кога сме кај средниот ред, се разбира место ќе има и за Иниеста, мозок во играта на Барселона со свој елегантен стил на игра. Секој некој прием и асистенција е уживање за око.

Чаби Алонсо

Со квалитети од светска класа е и режисерот во играта на Баерн Минхен кој е препознатлив по беспрекорната прегледност во играта како и прецизните додавања. И кај него е впечатлива елегантноста во движењата.

Фернандо Редондо

Оние кои гледаат фудбал преку 15 години кога ќе го чујат името на Редондо веднаш се сеќаваат на петицата против Манчестер Јунајтед и асистенцијата до Раул. Редондо беше долги години играч на Реал Мадрид, а потоа поради повреди не се изнаигра во Милан.

Деметрио Албертини

Уште еден организатор на играч со елегантни движења и додавања. Зборуваше за поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Лацио, Аталанта и Барселона кој најголем белег остави како играч на Милан.

Мануел Руи Коста

Своевремено беше еден од најдобрите треквартисти во светот со способност за дриблинг, техника и одличен увид во играта. Милан имаше среќа што на негово место го најде Кака, инаку тоа ќе беше непополнета дупка во тимот.

Тиери Анри

Во кариерата освои малку со оглед на тоа каков напаѓач беше, но тој дефинитивно беше еден од симболите на Премиер лигата. Подвижен напаѓач кој негуваше свој стил и кој умееше од секоја позиција да даде гол. Анри се уште е во срцата на навивачите на Арсенал.

Роберто Баџо

Откако Баџо не игра повеќе викендите во Серија А не се исти. Се работи за еден од најголемите идоли во италијанскиот фудбал кој везеше во Јувентус, Интер и Милан. Неговата игра едноставно беше како поезија.

Роналдињо

Што да се каже за него? Самба. Самба и само самба. Секогаш насмеан и секогаш непредвидлив со топката. Зборот поезија му го препишуваме и нему.

Андреа Пирло

Тешко се наоѓа замена за Пирло. Тој дели топки со очи и изведува слободни удари кои се него се половина пенал. Играчиште на својата позиција.

Зинедин Зидан

Листата ја заокружуваме на најдобар можен начин, со Зи Зу. Со секој допир на топката, дриблинг или движење тој е елегантен. Начинот на кој го дувна волејот во финалето од ЛШ во 2002-та нема да се повтори.

31 март 2017 - 15:22