Фудбалер во Хрватска отепал кокошка, па добил црвен картон

Ама искрено човекот признава дека немал намера и дека сакал само да ја избрка. Судијата според правилата го искучил од игра, а газдарицата од куќата добила нова кокона.

Мал број гледачи биле сведоци на несекојдневен настан во Хрватска, на мечот меѓу нисколигашите НК Јеленград и Јасеновац. Домаќините ги растуриле гостите со 8-1, но момент на мечот бил потегот на 23-годишниот Иван Газдек од Јеленград кој додека бркал кокошки од теренот, замавнал една со нога и ја усмртил.

„Верувајте не беше намерно... Немав намера. Резултатот во тој момент беше осетлив (2-1), присутна беше нервоза. Дури и во соблекувална на полувреме малку се закачивме. Цело време кокошки ни влегуваат на терен и мечот мора да се прекинува секој пат. Теренот беше полн со измет, тоа се нехигиенски услови. Потрчав кон кокошките за да ги избркам, замавнав со нога и една случајно усмртив, јебига“, изјавил Газдек после натпреварот.

Тој во ист момент ја фрла усмртената кокошка преку ограда, а уште поголем циркус прави судијата.

„Судијата дотрча до кај мене и ми извади директен црвен картон поради неспортско однесување“, додава Газдек.

Според правилникот, судијата бил апсолутно во право. Проблем настанал кога се јавила и комшиката која ги чува кокошките и живее веднаш крај теренот.

„Веднаш дојде и ја тргна кокошката од местото на несреќата и никому ништо. Сепак, многу ми беше жал па и пратив писмо и нова кокошка во знак на извинување“, констатира фудбалерот на НК Јеленград.

На целиот Балкан во пониските дивизии, фудбалските аматерски клубови имаат проблеми со домашните животни на терен. Затоа „убиецот на кокошка“ има предлог:

„Добро би ни дошле рефлектори, кокошките не излегуваат навечер. Имам куче, две мачки, имав папагал кој неодамна умре“, се насмеал Иван.

Но од неговиот клуб не им било до смеа.

„После мечот никој не размислуваше за тоа, затоа што јадевме гулаш заедно и уживавме. Се тргна по зло уште пред почетокот на мечот. На еден од нашите играчи му пукна ветробранското стакло на автомобилот, па и таа кокошка настрада.

6 ноември 2019 - 10:00