Таг: хрватски фудбал

Балканска неправда на сезоната

Нема да го крстиме ова промашување на сезоната, туку неправда, лакрдија, па ако сакате и немање мозок на делегатот и судиите, кои дозволиле да се игра фудбал на ваков свињарник. 

Хајдук топло го вдоми детето кое Ријека го избрка зошто славело гол на дербито

Иако викендов се играше најголемото хрватско дерби Динамо Загреб - Хајдук кое сплитските „били“ го добија со 0:2, сè уште не се стишува хаосот кој настана по големото јадранско дерби пред неколку недели кога избија нереди на „Кантрида“ каде Хајдук славеше победа.

Клуб од Хрватска е принуден да игра само на гости поради диви свињи

Се работи за третолигаш од каде велат дека се на маки како да ги заштитат играчите, но и теренот кој повеќе им личи на нива.

Нов јак момент од балканското фудбалско поднебје

Во фудбалското подземје на Балканов има толку комични ситуации што на човек просто не му останува ништо друго освен да се посмее. Трета фудбалска лига на Хрватска, дуел меѓу НК Трње и Јарун. Еден играч се жали на повреда и влетува докторот. Ветеран доктор.

Ние во трета лига го имаме Дрогба, а Хрватите Михајловиќ

Ептен се распукаа со голчишта деновиве стрелците од нисколигашките лиги. Вчера се дивевме на евроголот на Николче Кимов од Локомотива Градско, а денеска на левицата на извесен Луетиќ од Загора, кој мислиш одел на часови кај Михајловиќ и Жунињо.

Чудна асистенција во Хрватска - ветер му ја намести на тацна

Во најдобрата хрватска лига, Горица водеше со 1-2 кај Шибеник. Во 93' минута Кристијан Ловриќ ја потврди победата со гол на асистенција на ветрот.

Во Хрватска уште се чудат за уткава

Вараждин vs Шибеник, конечни 1:3. При една нафрлена топка гостинскиот голман боксуваше многу лошо, потег кој сите го заборавија после ова неверојатно промашување на еден од играчите на домашниот тим. Сите се држеа за глава, голманот легна, а тренерот го тресна шишето од земја.

Играш фудбал и наеднаш папагал ти слетува на грб

Сме виделе разни животи како влетуваат на терен како на пример маче, куче, крава (во Македонија), ама од каде папагалов на натпревар од хрватската втора лига? 

По 81 ден пауза, Хрватите почнаа и одма падна еврогол

Синоќа во Копривница се одигра првиот полуфинален меч од хрватскиот Куп со што и официјално се врати натпреварувачки фудбал во Хрватска. Играа Славен Белупо и Локомотива Загреб, гостите славеа после пресврт 1-3, ама голот што младиот Бруно Года уште во 6' минута беше чудесија

Славен Билиќ за фасцинантната култура на одење на стадион во Британија

Најдобриот хрватски тренер кој во кариерата седеше на клупата на Хрватска, на Локомотив Москва, Бешикташ и Вест Хем, сега го предводи Вест Бром. За свој сонародник кој му дошол на гости кажува како во Англија се гледа на фудбалот.

Адеми заработува 657.000 евра годишно, а не сакал да чуе за кратење на плати

Управата на хрватскиот шампион Динамо Загреб решила да го отпушти целиот стручен штаб помошници на главниот тренер Ненад Бјелица, затоа што одбиле намалување на платите во текот на пандемијата од коронавирус.

Фудбалер во Хрватска отепал кокошка, па добил црвен картон

Ама искрено човекот признава дека немал намера и дека сакал само да ја избрка. Судијата според правилата го искучил од игра, а газдарицата од куќата добила нова кокона.

Навивачите на хрватски Осиек сами го исчистија теренот и стадионот

Осијек важи за најпријатно изненадување во хрватскиот фудбал. Во моментов се втори на табела зад лидерот Динамо Загреб. За денес од 13 часот беше закажан мечот на Осијек со Интер Запрешиќ, но теренот на стадионот „Градски врт“ бил пренатрупан со снег па одигрувањето било под знак прашалник. На крај навивачите од групата „Кохорта“ решаваат да се фатат за лопата, па средбата се одигрува нормално и домаќинот слави 6-0.

Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ!

По разни перипетии, одлагања, исфрлање од судница и напорни рочишта, човекот кој жареше и палеше со хрватскиот фудбал е осуден на затворска казна заедно со неговиот брат.

Каков гол во хрватското дерби

Ријека го совлада Динамо во Загреб со 0-1 а стрелец на бомбастичниот гол беше Акости. После оваа победа Ријека пак го отвори прашањето за шампионот на четири кола до крајот.

Здравко Мамиќ топ не го бие

Го нападнаа физички, па пукаа со пиштол во него и го ранија во нога, па му се закануваа и го заплашуваа, а тој одговори со шоу на свадбата на син му Марио.

Папагалот што пее песни за Динамо

Или газдата го дресирал вака, или самиот папагал гледал фудбалски преноси на хрватскиот претставник во Лига Европа - Динамо Загреб.

Почетоците на Бед Блу Бојс Загреб

Во саботата на 12. март, навивачката група на Динамо Загреб прослави 30 години од своето постоење и за таа прилика објави видео со некои досега необјавени снимки околу почетоците на организираното навивање.