Фудбалер потпиша договор до 20014 година

Исланѓанецот Гретар Стеинсон доби продолжување на својот договор со Болтон, но наместо на две години, неговиот договор е продолжен на 18.002 години.

Челниците на клубот од англиската Премиер лига, задоволни од учинокот на својот фудбалер Гретар Стеинсон, решија да му понудат нов договор според кој тој во следните две години ќе добива плата по 13.000 фунти неделно.

Но наместо две години, Стеинсон доби договор со кој тој ќе прима по 13.000 фунти неделно во следните 936.104 недели, плус бонуси. Претседатекит на Болтон, Фил Гартсајд направил печатна грешка, па Исланѓанецот наместо до 2014-та година, се обврза на верност кон клубот до 20014-та година.

„Очигледно сум среќен од мојот нов договор. Клубот најпрвин сакаше да ми го продолжи договорот на една година, но јас добив 18 илјади. Најверојатно ќе се пензионирам кога ќе ми ззаврши договорот. Тогаш ќе имам 18.032 години и тоа ќе биде добро време да ги закачам копачките и да ја започнам тренерската кариера", се пошегува и Стеинсон.

Ова не е прв пат како клуб од Премиер лигата прави печатни грешки во договорите. Во 1998-та година, Шефилд Венздеј му понуди договор на Вим Јонк со вредност од 8.888.888.888 фунти дневно во период од две години, а трансферот на Масимо Макароне од Емполи во Мидлзборо со грешка во конверзијата од евра, требаше да чини 15,5 милијарди фунти.

25 април 2012 - 11:16