Фудбалер на Интер донираше пари за операција на Македонка

Навивачи на Интер здружени на Фејсбук страната Inter Tifosi Balkan споделија пост од наша девојка на која итно и е потребна помош. Тешката ситуација експресно ја решава Марсело Брозовиќ.

26 годишната Стаменка Трповска мора да оди на втора итна операција во Белград бидејќи има проблеми со колкот, но за да ја направи потребни и се 3.000 евра кои ги нема.

Скопјанката моли нејзината објава да биде споделувана, а тоа го прават и Inter Tifosi Balkan  кои на Фејсбук ги следи Марсело Брозовиќ. Хрватскиот репрезентативец за помалку од еден час по објавата џентлменски го реши случајот и веднаш ги уплати парите. Цар.

18 јуни 2020 - 08:22