Фудбал се игра и во Чаир и во Стразбур

Француските власти се во шок откако на Интернет се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како стотици навивачи гледаат нелегален фудбалски меч и влетуваат во терен.

Два аматерски клуба од реонот на Стразбур, Нојхоф и Отпер договориле да одиграат меч и покрај забраните од властите за какви било масовни собири со учество на повеќе од 10 луѓе.

Мечот се одиграл на стадионот „Пако Матео“ во неделата. Откако ден-два претходно на социјалните мрежи се разбрало дека ќе има фудбал, на игралиштето дошле повеќе од 400 луѓе во неделата.

Кулминација имало откако паднал еден гол и стотици влегле во терен да прослават со игрчаите.

Каква дистанца, какво социјално растојание:

Полицијата брзо дошла на стадионот но можела само да констатира масовен собир. Толпата не можеле да ја сопрат а никој од присутните не бил уапсен/приведен.

Локалните власти збеснале. Стигнале реакции дека учесниците ќе бидат казнети и дека ќе бидат пронајдени преку камери.

„Тоа што се случи викендов (во неделата) е неодговорно и крајно несериозно. Ние, избрани на должност сме должни одлучни да го осудиме настанот и да реагираме. Глупоста и неодговорноста може да доведат до катастрофални ситуации. На нашиот регион и медицински персонал не му треба такво нешто. Барам од жителите на Стразбур да бидат одговорни. Пред неколку дена пратив писмо до клубовите со молба да не се собираат и да не користат никаков спортски инвентар, ни мрежи ни голови. Дајте да не бидеме глупави“, вели првиот човек на секретаријатот за спорт во Стразбур.

Професорот-вирусолог во париска болница, Жилбер Дереј напишал дека одигрување на мечот била будалеста работа. „Такви собири можат да станат вирусна бомба“, напишал Дереј.

Во Франција до денес има повеќе од 145.000 заразени од КОВИД-19 и повеќе од 28.000 смртни исходи. Од 11 мај властите ги ублажиле мерките но кафулињата, рестораните и кината уште се затворени.

Сезоната во Лига 1 ја завршија предвреме, ПСЖ е шампион. Новата сезона е планирана да почне на 22 август.

А ништо поарно не беше ниту во скопската општина Чаир каде исто се собрале луѓе за фудбал:

26 мај 2020 - 14:28