Француските екипи со штрајк против големиот данок

Во знак на штрајк на 30 ноември нема да се одигра ниту еден натпревар во првата и втората француска лига.

Големите француски клубови решија да иницираат штрајк во домашното првенство поради одлуката на француската влада која сака во државната каса да се слеат многу повеќе пари од даночните обврски за разлика од минатото.

Најновите предлози околу данокот беа за секој фудбалер кој заработува повеќе од милион евра годишно, клубот да и плаќа на државата 75% данок.

Штрајкот кој го најави претседателот на Унијата на професионални клубови Жан Пјер Лувел изјави дека навивачите како и секогаш, повторно ќе бидат добродојдени на стадионите на 30 ноември, но фудбал нема да се игра.

Овие предлози на владата најмногу не и одговараат на екипата на ПСЖ која дели огромни годишни плати, како на пример онаа на Златан Ибрахимовиќ кој заработува 15 милиони евра и за кој клубот во таков случај би плаќал околу дополнителни 11 милиони евра.

Со овие даночни прописи би биле опфатени 115 фудбалери и 8 тренери во 14 француски клубови, а државата од данокот би инкасирала 44 милиони евра.

24 октомври 2013 - 15:48