Франција се изнамачи за четвртфинале

Составот на Дидие Дешамп е петтата селекција која избори пласман во друштво на најдобрата осумка на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Нигерија успеаа нецели 80 минути да го сочуваат голот од опансите налети на Французите.

Франција - Нигерија 2:0
Погба 79` Јобо 91` (автогол)

Селекцијата на Франција со голема упорност успеа да го скрши отпорот на солидните Нигеријци на кои им потребни само 10 минути за да се изборат за продолженија кои ќе беа трети на ова првенство. Најголемиот проблем за избраниците на Дешамп беше извонредниот Винсент Ениеама кој фати неколку чисти прилики за гол, а еден од најдорите играчи на теренот Пол Погба го отвори патот кон четвртфинале. Нигеријците немаа сили за реми, а во последните мигови самите ги поставија конечните 2:0.

 

30 јуни 2014 - 19:58