Фото на денот

Лево е Едсон Арантес до Насименто познат како Пеле, а другиот го знаете. Фотографијата тежи три освоени светски првенства.

Него Цапар е интересен лик со одличен фудбалски пат кој треба да го знаете, а фоткава не испровоцира за да му прошетаме низ кариерата која му се движеше од Битола, Скопје, преку Белград, па се до Ла Коруња. Да, има играно во Депортиво, што е за почит, особено за тие времиња кога требало да имаш служено војска за да те пуштат во странство.

Според датумот, оваа фотка е два месеци пред Драган Канатларовски да стане селектор на Македонија која ја презема во септември 1999-та и ја водеше во два наврати со скор од 8 победи, 8 нерешени и 15 порази. На Холандија и одигра дома реми, 2:2 кога стрелаа Пандев и Стојков.

Во тој квалификациски циклус за СП 2006, интересно Македонија освои само еден бод од двомечот со Андора, а два бода од двомечот со Холандија. Во Амстердам заврши 0:0. Повеќе чудно, него интересно нели? Него сега не е моментот за темата Андора.

Инаку за помладите, Канатларовски беше дел од првата селекција на Македонија која ги удри темелите во Крањ, каде играше во прв тим и има 9 настапи и 2 гола. Претходно доби и еден повик за Југославија за која настапи на пријателска против Полска во 1990.

Беше член на Црвена Звезда со која ја освои двојната круна 1989/1990 (Куп и првенство во југословенскиот шампионат), заедно со Панчев, Најдоски, Савичевиќ, Просинечки, Пикси...но следната сезона ја испушти европската и светската титула бидејќи направи трансфер во Шпанија.

Потпиша за Депортиво Ла Коруња со која прво играше во втора, а потоа и во првата шпанска лига. Во Купот на Шпанија стигна до полуфинале.

Кариерата ја почна во Пелистер (1978), а ја заврши во Победа (1995). Во Звезда замина од Вардар со кој ја освои југословенската титула во 1987.

Ајде малку шарен колаж

Повеќе за тренерската кариера.

Тоа со трите Мундијалите е само шега, се разбира. Пеле ги освои во 1958, 1962 и 1970.

11 ноември 2020 - 14:07