Европскиот првак го доби Реал, Челси со Атлетико

Ждрепката за полуфиналните двојки во Нион од Лигата на шампионите ги судри гигантите Реал и Баерн, додека Жозе Мурињо ќе се соочи со амбициозниот состав на Диего Симеоне.

Големата пресметка во финалето помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид нема да ја гледаме, затоа што ждрепката во Нион сакаше овие два тима да се судрат во полуфиналето. На вториот дуел се среќаваат Челси и Атлетико Мадрид, што значи дека постои можност да гледаме шпанско финале.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, полуфинални двојки:

Реал Мадрид - Баерн Минхен
Атлетико Мадрид - Челси

Првите средби се играат на 22 и 23 април, а реваншите се една недела подоцна, Домаќин на големото финале е Лисабон на 24 мај

11 април 2014 - 12:42