Еволуцијата на трансферите

Во 1905 година најскапиот фудбалер бил Алф Комон кој направил трансфер од 1000 фунти, по дури 70 години Јохан Кројф прави трансфер за неполни 1 милион фунти, а овие денови вистински хит е рекордот на Герет Бејл кој се продаде за 86 пати повеќе од холандската легенда.

Првиот фудбалер кој направил трансфер за сума од 1000 фунти е преминот на Алф Комон од Сандерленд во Мидлзборо во февруари 1905 година кој ќе остане запаметен како прв играч за кој билa издвоенa „илјадарка“.

Ова лето еден од најскапите трансфери требаше да биде и Луис Суарез кој сепак на крај остана во редовите на Луверпул, но затоа еден друг неков истоименик бил топ тема во медиумите во 1961 година.

Се работи за Луис Суарез кој прв ја минал „стотката" и за 152 илјади фунти од Барселона преминал во Интер каде освоил три титули во домашното првенството и две во Лигата на шампионите.

Каталонците повторно биле топ тема за кршење рекорди, но овој пат како купувачи. Во 1973 година на Камп Ноу од Ајакс пристигнал славниот Јохан Кројф за сума од 922.000 фунти кој со Барса ги освоил првенството и купот на Шпанија.

По само две години првиот фудбалер кој ја минал сумата од милион фунти е Италијанецот Џузепе Саволди кој од Болоња заминал во Наполи за 1,2 милиони.

Единствениот играч кој два пати го урнал рекордот за најскап трансфер е големиот Диего Армандо Марадона кој во 1982 година од Бока Јуниорс во Барселона потпишат за 3 милиони фунти, а по две години се преселил во Наполи за 5 милиони фунти каде им го донесе последното Скудето на Наполитанците.

Првата двоцифрена бројка со валута фунти оди кај Жан Пјер Папен кој во 1992 година го засили Милан од Олимпик Марсеј за точно 10 милиони фунти. Францускиот напаѓач му помогна на Милан да стигне на две шампионски титули по ред.

Од тоа време вредноста на фудбалерите постојано рипаше по неколку милиони и во последните две декади често пати се кршеа светските рекорди на трансферите. Владетел на трансфер пазарот по Роналдо во 2009 година, вчера повторно стана Кралскиот тим кој за прв пат издови 86 милиони фунти или 100 милиони евра. Каде ќе бидат границите?

3 септември 2013 - 17:50