Ето ги стопираше неговите порно приказни

„Порно Одмазда: фудбал, секс и пари“ е книгата која требаше да излезе денеска во Франција, но славниот камерунски напаѓач кој е опишан како безмилосен успеа да ја спречи дистрибуцијата.

Се работи за книга во која поранешната девојка на Ето, Натали Коа собра материјал за раскажување од нивната 7 годишна врска. Таа зборува за темната страна на поранешниот фудбалер на Интер и Барселона и го опишува како развратник и безмилосен.

Но Ето успеа да го спречи излегувањето на книгата во јавност по судски пат со образложение дека му е повредено правото на приватност.

Во книгата со насловот "Revenge Porn" 29 годишната Натали открива детали од приватниот живот на Ето кој го обвини дека ширел нејзините фотографии со порнографска содржина. Кога во 2013-та Ето направи трансфер во Сампдорија ја обвини за измама и кражба.

„Изненадена сум и срушена. Секој пат мене сакаат да ме замолчат, а јас само сакам да го раскажам мојот живот и да ја објаснам мојата борба“, изјави Натали за Франс 24.

За нејзините намери се огласи и адвокатот на Натали.

„Коа има право да зборува за нејзиниот живот кој вклучува неизбежни моменти кои ги делела со луѓе кои ја опкружувале. Ако се види анализата на судијата, тогаш никогаш не требаше да излезе во јавност ниту книгата за претседателот Оланд. Книгата на Коа е важна бидејќи ја осудува праксата преку одмаздување со порно, потоа се зборува за потеклото на фудбалерите кои се збогатија премногу и пребрзо, а тема е и состојбата на жените од Африка. Натали Коа е жртва на непријателска медиумска кампања во својата земја и во франција“.

Овој скандал се појави пред две години, а англиските медиуми пишуваа дека настанал откако Ето и дал на Натали 300 илјади евра за да отвори хуманитарна организација. Откако не било јасно каде завршиле парите, тој ја тужел, а потоа и се одмаздил со објавување на голи фотогграфии.

Втората верзија на приказната е дека тие фотографии ги објавил познат рапер од Конго со кого претходно Натали била во љубовна врска.

19 февруари 2016 - 15:54