Ето беше ѓубре од студент, но секогаш пишуваше домашно

Студентка од Велика Британија го раскажува искуството кога ученик по руски јазик ѝ бил Самуел Ето за кој немала појма кој е.

23 годишната Ребека која има дипломирано руски и француски јазик на универзитетот во Лидс му држела часови на Ето во 2012 година додека играл за Анжи, но не знаела дека се работи за светски славен фудбалер.

„Немав појма кој е тој, само ми рекоа дека сакаат да го учи некој кој нема да биде воодушевен, туку ќе го гледа како студент. Во неговиот стан се беше дизајнирано и тој често ми зборуваше за забави кои ги правел на јахти со своите соиграчи. Ме плаќаа го кеш, а тој што ми ги даваше парите држеше банкноти од 50, 100 и 500 евра“.

„Како студент беше ѓубре. Немаше никакво внимание додека му зборував. Ми го дадоа неговиот личен мејл за да му ги праќам домашните задачи. Кога доаѓав на час, пред него секогаш ја имаше извршената домашна задача и се смееше како среќно дене“, вели Ребека.

Ето потпиша три годишен договор со Анжи во август 2011-та и стана најплатен играч во светот со годишна плата од 20 милиони евра. По две години рускиот милијардер Сулеман Керимов крена рачна и го намали буџетот на клубот, а Ето во август 2013-та замина во Челси на една година.

31 јули 2015 - 11:39