Елиф Елмас пред голем јубилеј - 100. меч во дресот на Наполи

Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва ќе го одбележи својот прв голем јубилеј откако е дојден во градот под Везув, на југот од Италија. На мечот Сасуоло - Наполи некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче, ќе го одигра својот 100. меч во дресот на Наполи.

Елиф дресот на клубот кој го прослави Диего Армандо Марадона го носи веќе две ипол години, откако дојде од турскиот гигант Фенербахче за 16 милиони евра и плус бонуси.

Елмас на стадионот „Диего Армандо Марадона“ (некогаш „Сан Паоло“) пристигна на барање на еден од најдобрите тренери на денешницата Карло Анчелоти кој во моментов е прв на табелата во Шпанија со Реал Мадрид.

Но мора да се признае дека Елмас најголема доверба од сите тренери во Наполи има од актуелниот Лучано Спалети. Ниту Џенаро Гатузо ниту Анчелоти не му даваа толку шанса како некогашниот стратег на Рома и Интер, а Елиф ја користи одлично и игра во супер форма.

Елиф до денес има 73 настапи во Серија А од кои 26 му се во првата сезона 2019/2020, 33 натпревари запиша во 2020/2021, 14 во 2021/2022. Во најдоброто италијанско првенство има 4 гола и 3 асистенции.

Во Копа Италија, Елмас има 9 настапи со 1 гол, а играше уште и во италијанскиот Супер Куп. 

Бисерот на македонскиот фудбал може да се пофали и со 5 појавувања во Лига на шампиони во сезоната 2019/2020 и 11 во Лига Европа 2020/2021 и 2021/2022. Сезонава даде два гола со 1 асистенција во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Од 99 меча Елмас вечерва за кога е најавен како стартер, со еден чекор на мечот против Сасуоло би можел да стигне до супер бројката од 100 натпревари за Наполи што не успеало на многу играчи во историјата.

Од трофеи, 22-годишниот Скопјанец има драгоцен пехар во Купот на Италија.

Притоа екипата е на прво место во Серија А каде многумина и даваат најголеми шанси за историско скудето, прво после тоа со Марадона.

Елмас може да се пофали и со супер настапи за македонската репрезентација која што ја однесе во баражот за Светско првенство 2022, прв таков за Македонија во историјата. Ќе играме против Италија (најверојатно во Рим или Неапол), а во случај на сензација со европскиот првак, ќе гостуваме кај еден од подобриот од мечот Португалија - Турција.

Елмас во црвено-жолтиот дрес има 37 настапи и 9 гола иако не игра како класичен центарфор во самиот напад.