Вијаграта во Милан пред финалето во ЛШ

Берлускони, Ибрахимовиќ, Мурињо и Мино Раиола повторно ги има во најновата компилација на Газета на највпечатливи изјави дадени за медиумите во текот на изминатава недела. Ви ги издвојуваме Гатузо, Тони и голманот на Емполи.

„Се сеќавам дека во 2003 година неколку часа пред финалето во Лига на шампионите против Јувентус, секој играч мораше да влезе во собата на Берслукони и тие 15 минути муабет беа како вијагра“ – Џенаро Гатузо

„Не само што имам родници кои не се интересираат за фудбал, туку има и членови на нашата фамилија кои навиваат за други екипи“ - Андреа Ањели, претседател на Јувентус.

„Стар сум за Барбара Берлусони. Ми смета тоа што критиките не ми ги кажува во лице и ми ги праќа преку весници. Но кога ќе ја видам табелата, гледам дека многу добро му оди на Милан без мене“ - Мино Раиола, агент

„Нема никаков проблем со Љаиќ во Фиорентина. Еднаш додје поспан на тренинг и ми кажа дека играл на компјутер до 4 сабајле. Јас мислев ќе ми каже седел до тогаш со девојка му“, Синиша Михајловиќ.

„Првиот пат бев на одмор во Римини со една девојка од Австрија. Беше толку брза што кога се симнував по скали си повторував во себе, толку од нас? Проблемот е што истата работа и таа си ја рекла во себе и потоа исчезна, не ја видов повеќе“, Лука Тони

„ПСЖ доминирал на првиот дуел? Зависи на што мислите. Ако е во шансите, тоа е вистина. Ако се мисли во фаули и тоа е вистина. И ако се мисли на тоа дека ја држеше долго топката и не ја пушташе ниту метро, тогаш и тоа е точно. ПСЖ доминираше во сè, освен во резултатот кој заврши 1:1“ – Жозе Мурињо

„Со Анчелоти тренираме со повеќе интензитет отколку со Мурињо и луѓето не нè мразат како што не мразеа со Мурињо. Денес си го вративме угледот“ – Пепе.

„На решавачки меч за титулата на ПСЖ во сезоната 2012/2013 Анчелоти беше малку нервозен. Ибра му се приближи и го праша дали верува во Господ. Тој му рече да, а Златан пак му врати: „Значи веруваш во мене и поради тоа релаксирај се“ – Марко Верати

„Против Интер ќе освоиме три бода, ќе доминираме и противничките играчи ќе бидат испратени со свирежи“ – Џорџо Лугарези, претседател на Чезена

„Израснав во кварт во Неапол и се знае дека кај нас нема многу избор. Или ќе тргнеш по твојот пат или по тој другиот“ - Флоро Флорес, напаѓач на Сасуоло.

„Плејстејшн? Се разбира, го бирам секогаш Наполи, а најмногу се забавувам кога му давам гол на Сепе од Емполи“ – Луиџи Сепе, голман на Емполи.