Едгар Давидс спасувал навивачи

Легендарниот холандски фудбалер кој во моментов е тренер на англискиот третолигаш Барнет, им наредил на фудбалерите да се симнат од клупскиот автобус и собрал 36 навивачи чиј автобус се расипал на враќање од гостување.

Минатата година 40-годишниот Давидс потпиша за Барнет, а воедно ја презеде и тренерската позиција во тимот. Не му тргна баш најдобро затоа што неговиот тим се наоѓа на 22-та позиција и до крајот на сезоната ќе им претстои тешка борба за опстанок во третата лига, но барем навивачите го обожаваат.

Во саботата неговиот тим загуби на гостувањето кај Акрингтон, а на овој натпревар на одалеченост од 350 километри отпатувале и 36 навивачи на Барнет. А како да не им било доволно разочарувањето од поразот, на сред пат нивиот автобус се расипал.

Но за нивна среќа тие набргу биле спасени и тоа лично од Едгар Давидс. Клупскиот автобус на Барнет поминал покрај нив и Холанѓанецот ги забележал навивачите покрај автопатот. По десетина минути по нив се вратил празниот клупски автобус.

Давидс им наредил на фудбалерите да се симнат на првата бензинска станица и го пратил автобусот да ги собере навивачите и да ги донесе на бензинската за да не мрзнат покрај автопатот и на топло да чекаат нов автобус.

19 март 2013 - 09:04