Џокер на Рома роден 2003-та, ја реши Џенова со два комада и си доби чевли од Мурињо вредни 800 евра

Андриј Шевченко дебитираше на клупата на Џенова, а капитенската лента му ја даде на Горан Пандев. Но шоуто им го украде анонимус од Гана по име Феликс Афена Гјан кој има само 18 години.

Феликс Афена Гјан синоќа го имаше само третиот професионален настап во сениорска категорија кој ќе го памети цел живот.

Дебитираше против Наполи пред еден месец, потоа доби шанса и против Каљари и веќе на гостувањето против Џенова блесна.

Мурињо го пушти во игра во 74 минута и при резултат 0:0 за 12 минути даде два гола со кои го реши мечот. За издвојување е вториот.

По постигнувањето на првиот гол Афена Гјан веднаш истрча директно Жозе, а за тоа имало причина. Сакал да го потсети за ветувањето што му го дал.

„Му ветив на Феликс дека ќе му купам чевли кои многу му се допаѓаат, а се многу скапи и чинат 800 евра. Тој притрча до мене и ми рече да не заборавам. Ќе му ги купам во понеделник и тоа ќе биде првото нешто што ќе го направам“, изјави Мурињо.

„Му благодарам на господ за шансата која ми ја даде, потоа на тимот, на тренерот и на навивачите за големата поддршка. Сакам да и се заблагодарам и на мајка ми. Таа е во Гана. Те сакам“.

„Мурињо е голем човек и голем тренер. Секој ден ме мотивира за да учам повеќе. Многу сум среќен што е тој тука“, изјави тинејџерот. 

22 ноември 2021 - 08:30