Џабе патот

Еден перуански фудбалер можеби ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди откако му беше наредено да патува 900 километри за да учествува во 8-минутен натпревар, а тој беше заменет по неколку секунди без да ја допре топката.

Фудбалската федерација на Перу нареди да се доиграат последните осум минути од прекинатиот натпревар на 21 јули помеѓу Мелгар и Университарио кој беше прекинат откако фудбалерите и тренерот на Мелгар го нападнаа судијата.

Но проблемот е што натпреварот морал да биде доигран со истите фудбалери кои биле на теренот во моментот на прекинот, а еден од нив веќе имал нов тим.

Хаирсино Бајлон на тој натпревар настапил за Университарио, но во меѓувреме направил трансфер во Унион Комерсио, па морал да патува 900 километри за овој натпревар.

Тој се појавил на теренот за да ги одигра последните осум минути, но само по неколку секунди без воопшто и да ја допре топката, Бајлон бил заменет.

Во последните осум минути немало гол, ниту пак нова тепачка и натпреварот завршил со резултатот 2:2.

26 август 2013 - 09:07