Двојниот стрелец против Ајакс да ти живеел со цимери кои ја фатиле сензацијата во кладилница

Фудбалското изненадување на денот, неделата, месецот и годината добива многу јако продолжение. Со време да се размисли за документарец. Без заебанции.

Екипата на Херкулес за која светот прв пат слушна денеска, го понижи Ајакс како никој друг во историјата. Го исфрли во Купот на Холандија во топ 32 и тоа со гол во 93-та минута при резултат 2:2.

Двата гола на четвртолигашот во 16-та и 66-та минута за сензационално водство од 2:0 ги постигна извесен Тим Питерс.

И сега внимавајте што излезе во холандските медиуми.

22 годишниот Тим е студент кој живее со тројца цимери. Момците собрале по 5 евра и уплатиле вкупно 15 евра на следнава игра:

Херкулес да победи и нивниот другар да даде гол. Коефициент? 751. Добивка 11.265 евра.

Да повториме, студент кој игра фудбал на обично игралиште, го закопа четикраниот европски првак со два комада.

Јасно ви е за Нова година каде ќе биде најјата студентска забава така?

Епска бламажа на Ајакс за неверување, елиминиран е во Куп од четвртолигаш со гол во 93-та

22 декември 2023 - 12:32