Драма и пол со одбранетиот пенал на Спартак Москва во 98-ма минута

Наполи и Лестер имаа директен дуел за осминафиналето во ЛЕ, а паралелно во Варшава, Легија утна пенал на крај, со кој можеше драстично да ја промени состојбата во групата Ц. Не за себе, туку за сите други.

Со двата гола на Елмас, Наполи го совлада Лестер со 3:2, а другиот меч во групата меѓу Легија Варшава и Спартак Москва заврши 0:1.

Со овие два резултати Спартак Москва се пласираше во осминафиналето, Наполи од плејофот од Лига Европа, а Лестер продолжи во Конференциска лига.

Спартак Москва 10, Наполи 10, Лестер 8, Легија Варшава 6

За да ви биде појасно, погледнете каков е конечниот изглед на табелата, а сега каков можеше да биде доколку Легија го реализираше пеналот во 98-ма минута.

Легија Варшава со нерешен резултат повторно ќе завршеше последна на табела, но во тој случај ќе и одмогнеше на Спартак Москва, а ќе им помогнеше на Наполи и Лестер, особено на премиерлигашот.

Ако Томас Пекхарт реализираше од 11 метри, табелата ќе изгледаше вака:

Наполи 10, Лестер 8, Спартак Москва 8, Легија Варшава 7

Што значи Русите се спасија во 98-та минута бидејќи лидери можеа да бидат учесници во Конференциска лига. Елмас и другарите како први ќе избегнеа противник од третопласираните екипи од ЛШ, а место за ЛЕ ќе имаше и за Лестер.

Каква трилер ситуација во Ц групата со одбранет пенал и тоа досуден со ВАР кој изгледа и на сомнителен.

Голот на Спартак за осминафинале

Пеналот и ВАР снимката

Пеналот од навивачки агол

Лудото славје на фудбалерите на Спартак Москва кои мислиш трофејот го освоиле.

10 декември 2021 - 10:53