Мисија Рим

Доктор Мончи - најдобриот спортски директор на светот

Пред 16 години кога дошол во Севиља, екипата се вратила од втора во прва лига а до денес под негово раководство тимот освои дури 9 трофеи од кои 5 во Лига Европа. Како му донел на клубот чисти 200 милиони евра само од трансфери?

Кој е Мончи?

Него го викаат творец на современата Севиља и е најпознат спортски директор во шпанскиот фудбал.

Рамон Родригез Вердехо кој никој не го знае по име, на преминот во новиот милениум (1999-2000) бил втор голман на Севиља, а по завршувањето на фудбалската кариера станал официјален претставник на клубот од Андалузија.

На тоа место работел не за долго и во 2000-та го поставиле за спортски директор. Од тогаш до денес е познат по прекарот Мончи. После 17 години успешна мисија на „Рамон Санчез Писхуан“ ја заврши својата работа. Меѓу понудите на сите гиганти (Манчестер Јунајтед и Реал пред се), Мончи реши да потпише со Рома.

Што направи во Севиља?

Со името Мончи поврзани се најголемите победи на Андалузијците не само во ХХI век, туку во историјата на клубот. За 17 години колку што е во спортски директор Севиљците освоија 9 трофеи: 5 Купа на УЕФА, 2 Копа дел Реј, Супер Куп на Шпанија и Супер Куп на Европа.

Мончи скромно признал дека негова највредна титула е што „бил дел од тимот“ иако Севиља благодарение на неговата дарба да донесе млад и талентиран фудбал освои 4 трофеи во последните години, а првпат после 1948. година.

Кога Мончи ја завршил играчката кариера, Севиља се вратила во Примера и од тогаш до денес за 17 години тимот одиграл 14 финалиња.

Пред новиот спортски директор стоеле неколку тешки задачи: да ја развие клупската академија, да одгледа неколку ѕвезди од младинската школа и да воспостави скаутинг мрежа. Така најчесто изгледа збирот на задачи од оваа позиција, но Мончи од второлигаш ја направил Севиља постојан учесник на еврокуповите. И сето тоа со финансиски ограничувања.

Купи евтино а продај скапо - тоа е универзална формула не само во фудбалот, но благодарение на Мончи клупскиот буџет оздравел и бил полн.

За 17 години само од крупните зделки Севиља заработила околу 200 милиони евра. Колку за споредба, обештетувањето на Тони Крос денес е фиксирано на 300 милиони евра, исто како и цената на сите играчи кои ги продал Мончи во неколку етапи. На почеток, во дресот на Севиља тие играчи освоиле трофеи и го кренале рејтингот на екипата, а потоа помогнале за полнење на буџетот на Севиља.

Од клупската академија на Севиља благодарение на Мончи излегоа бисери како: Хозе Антонио Рејес, Серхио Рамос, Диего Капел, Хесус Навас, Антонио Пуерта и Алберто Морено, а 700 скаути по целиот свет и нтатаму барале нови ѕвезди за Севиља и реагирале побрзо од гигантите. Дани Алвес, Фредерик Кануте, Адриано, Иван Ракитиќ, Сејду Кеита, Кристијан Поулсен, Карлос Бака - сите овие пронајдоци се качиле во „лифтот“ на Мончи и стигнале до најгорното ниво.

И покрај тоа што Мончи отсекогаш имал целосна контрола над трансферите, тој секогаш имал здрав однос со главниот тренери во пронаоѓањето на квалитетни фудбалери за моделот и стилот на екипата. Тој бил важна фигура во најголемите клупски успеси со Хуанде Рамос и Унаи Емери.

После успешна сезона составот постојано се менувал: многу лидери заминале од „Писхуан“ на поголеми стадиони. Но секој нареден тренер успеа да го повтори успехот на претходниот благодарение на ефективната работа на спортскиот директор кој од година во година наоѓаше достојна замена.

Доволно е да го видите традиционално силниот напад на Андалузијците и се да ви биде јасно. На почеток ги имаа Фредерик Кануте, Луис Фабијано и Алваро Негредо, потоа се појави Карлос Бака кој исто ја освои Лига Европа а голови се изнадава и Кевин Гамеиро. 

Неуспеси и падови

Како што секој што работи има подеми и падови, така и Мончи. Иако неговите експерименти во најголем дел од случаите носеа златни медали и пехари, секако тој имаше и неуспешни проценки.

Еден од нив е Аруна Коне (фото горе) кој до потписот на Негредо беше најскапиот фудбалер во историјата на Севиља (12 милиони евра). Неговите чести повреди и на крај онаа повреда на коленото не му дозволија на репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска успешно да заигра во Шпанија. 

Во првата сезона Аруна Коне на теренот се појави на 17 меча и даде само еден гол. За 5 години во Севиља (2007-2012) тој одиграл само 40 натпревари а тој гол останал единствен. Чудно е што Коне сјајно играше на позајмица во Леванте во сезоната 2011/2012 и даде 15 гола на 34 меча.

Друга утка на Мочни беше трансферот на Акивалдо Москера кој ни до ни после Севиља не играше во Европа, туку заврши во првенството на Мексико. Негов „промаш“ се и напаѓачот Ернесто Шевантон со своите 8 гола за 4 години и Лаутаро Акоста платен 7 милиони евра но поради повреди за 4 сезони изиграл помалку од 1.000 минути.

Топ 10 погодоци на Мончи

Спортскиот директор на Севиља признал дека најважните и најголемите негови погодоци со кои работел во Севиља биле Дани Алвес, Луис Фабиано и Фредерик Кануте. Сите тие во столицата на Андалузија поминаа повеќе од 5 години и станаа едни од најдобрите играчи во историјата на овој клуб.

При составувањето на најдобрите 10 трансфери на Мончи главен критериум не се нивните настапи колку сумата за која после ги продале. Ветераните Кануте и Луис Фабиано не се на оваа листа.

Првиот голем трансфер Мончи го договорил во 2004. година кога Арсенал платил 30 милиони евра за 20-годишниот Хозе Антонио Рејес. Долго време тој беше најскапиот играч на „Топџиите“ додека на „Емирати“ не дојдоа Месут Озил и Алексис Санчез (повеќе од 10 години). После 8 години Рејес се врати дома за 3,5 милиони евра и во составот на Унаи Емери три пати ја освои Лига Европа. Корист 26,5 милиони.

Во летото 2003 година Севиља му дала на Сао Пауло 3 милиони евра за Жулио Баптиста кој за две години постигна 50 гола! Во летото 2005-та Реал го купи за 20 милиони евра. Корист - 17 милиони.

Кралскиот клуб никогаш нема да престане да и биде благодарен на Севиља и на Мончи лично за Серхио Рамос. 19-годишниот воспитаник на Андалузијците замина во Реал за страшни 27 милиони евра и тоа станало рекорд за толку млад играч. Корист - 27 милиони евра.

После три години Мончи ја завршил најголемата зделка во историјата на клубот - го продаде Дани Алвес во Барселона за 35 милиони евра! Таква сума за бек ретко се дава, а Дани Алвес на „Писхуан“ дошол за 1,2 милиони евра. Во Каталонија Алвес стана еден од најдобрите десни бекови на планетата и по количество на освоени пехари го надмина Пеле. Корист - 33,8 милиони евра.

Следните пет години Мончи немаше трансфер бомби но во 2013-та година за една сезона на клубот му донел 83 милиони евра од продажбата на главните првотимци. Со дел од тие средства во клубот ги донел Кевин Гамеиро и Висент Ибора - идните лидери на Севиља.

Еден од најголемите бисери на школата на Севиља е и Хесус Навас кој по сјајните партии отиде во Манчестер Сити за 20 милиони евра. Во Сити замина и најкорисниот играч во историјата на Севиља (15 милиони). Напаѓачот за 4 години во бело-црвениот дрес постигна 85 гола а неговиот договор „граѓаните“ го откупија за 25 милиони евра.

На списокот на Мончи се и уште двајца интересни играчи. Барселона за Хрватот Ракитиќ плати 18 милиони евра иако договорот му истекуваше за една година. Интересно е што Ливерпул исто толку пари даде за младиот бек Алберто Морено. Од нив двајца Мончи ја наполнил клупската каса за 33,5 милиони евра.

Во сезоната 2015/2016 екипата на Емери играше во Лигата на шампионите но не можеше да ги задржи хероите на финалето на Лига Европа Карлос Бака и новиот севиљски Дани Алвес - Алеиш Видал. За две години на „Рамон Санчез Писхуан“ Бака стана еден од најдобрите центарфори во Европа и за 30 милиони премина во Милан. Севиља од него заработи 23 милиони евра.

Купен за 3 милиони од Алмерија, Видал играше како десен бек за Севиља само една сезона и потоа замина во Барселона за сума од 18 милиони евра.

Во Топ10 на Мончи не влегува Жофри Кондогбија. Талентираниот играч од средината за 4 милиони од Севиља замина во Ленс и како непознат играч стигнал подоцна во Монако за 5 пати поголема цена. Но и покрај тоа, во февруари годинава од проценти од трансферот на Кондогбија во Монако, Севиља добила 8 милиони евра.