Добра шега со првиот тренинг на Сари во Јуве

Додека Маурицио Сари денеска од 11 часот го држеше првиот прес во Јувентус, на социјалните мрежи веќе може да се начека и фотка од неговиот прв тренинг. Се разбира тоа е монтажа, ама многу добра со штосен муабет за човекот кој не може без цигара.

Ако некој не ја прочитал приказната за човекот кој 40 години работи во Наполи, тогаш може да клизне и да помисли дека ова е вистинска фотка од тренинг центарот на Јувентус.

Прво, ниту Сари го има одржано првиот тренинг со Јуве, а второ ниту зелените дресови им се баш вакви марули.

Човекот на фотката е Томазо Стараче кој го вари најубавото еспресо во Наполи без кое Сари не почнувал тренинг, а муабетот кој го измислуваат Бугари на Фејсбук со овие намонтирани дресови, оди вака:

- Кој е тука најбрз фудбалер?

- Даглас Коста.

- Епа ајде трк да оди по цигари.

60 годишниот стратег кој по само една година работа во Премиер лигата го напушти Челси и се реши за друг голем предизвик, вчера стаса во Торино, а денес имаше промотивна прес конференција.

20 јуни 2019 - 12:14