Дејвид Мојс спиел во кола за да го научи тренерскиот занает

Патот до успехот некој го пронаоѓа со повеќе среќа, а друг со многу талент. Но во примерот на стратегот на Манчестер Јунајтед сигурно дека се работи пред се за голема упорност и љубов кон фудбалот.

Шкотскиот тренер поминал долг и трнлив пат за да стигне до клупата на еден од најголемите клубови во светот и да го замени легендарниот Сер Алекс Фергусон, а тоа најдобро го раскажува во интервју за Би Би Си.

„Додека траеше Светското фудбалско првенство во Франција 1998 бев назначен за тренер на екипата на Престон и барав од Асоцијацијата на професионалните фудбалери да ме финансира за да одам на Мундијалот и да учам за фудбалот“, раскажува Мојс.

Toj бил многу упорен за да го научи тренерскиот занает и на светското во Франција во недостиг на пари спиел во мала изнајмена кола само за да остане подолго и да заштеди за да гледа повеќе натпревари во живо. Но тоа не му било доволно па се обидувал да посети колку што е можно повеќе туѓи тренинзи.

„Им пишав на сите земји дозвола за да присуствувам на нивните тренинзи, а единствениот кој ми одговори беше селекторот на Шкотска, Крег Браун. Но јас сум Шкотланѓанец и веќе ги имав поминато сите тие курсеви“, вели Мојс

Мојс како помлад присустувал на еден од тренинзите на Милан додека Карло Анчелоти го водел клубот, а потоа како тренер на Евертон го победил Челси додека бил предводен од италијанскиот стратег.

По завршувањето на мечот добил голем комплимент од неговиот поискусен колега кој го познал од времето кога му го набљудувал тренингот.

„Дејвид ме отпуштија од клубот, така што сега останува јас да дојдам на твоите тренинзи", му рекол  Анчелоти.

Шкотланѓанецот раскажува и дека не е лесно да се стане менаџер во големите клубови во Англија каде честопати се назначуваат странци како во случајот со Арсенал, Манчестер Сити и Челси.

31 јули 2013 - 15:32