Дечки Бразилецот Пеле умре, не тој од Италија

Или се до толку неуки или се мајтапат, трето нема. Како и да е, празничната фотографија на Инстаграм на Грацијано Пеле со прекрасната сопруга е преплавена со коментари од типот: RIP. 

Првите коментари гласат вака:

„Кој вели дека Марадона е подобар од Пеле греши. Ќе ни недостигаш“.

„Научи ги ангелите да шутираат пенали“.

„Денеска се заокружува еден циклус. По Марадона, уште еден сенатор одлета во небото. Ве замислувам горе заедно како се зезате и смеете кој е најдобриот“.

Pотоа еден ги стишува.

„Зошто пишувате RIP под фотографијата на Грацијално Пеле, кога е мртов Пеле? Не гледате дека има 37 години и дека меѓу другото е белец?

Но безуспешно. Надолу е полно со вакви коментари.

 

30 декември 2022 - 14:17