Да не најдовте клуч?

И тоа не било каков клуч. Британската полиција задолжена за обезбедување на Вембли ги загубило специјалните ласерски клучеви од стадионот.

За полицајците слушаме вицови, ама некои работи навистина се случуваат и во реалноста. Веста за изгубените клучеви од стадионот Вембли бргу се рашири низ цела Британија, но подоцна јавноста сфати дека не се работи за шега ниту за измислица на жолтиот печат откако оваа информација ја потврди и Скотланд Јард.

Полицајците задолжени за обезбедувањети на стадионот Вембли ги загубиле клучевите за време на последните подготовки пред почетокот на Олимписките игри. И тоа не било какви клучеви, туку специјални ласерски клучеви кои чинат 40.000 фунти.

Вембли е еден од шестте стадиони на кои се играат фудбалските натпревари во женска и машка конкуренција. Синоќа на овој стадион репрезентацијата на Велика Британија ги победи ОАЕ со 3:1, а тука ќе се одржат и двете финалиња.

30 јули 2012 - 09:22