Цела Италија стиска палци за Парма

Клубот од Енио Тардини едноставно не го личи да биде во трета лига. Со тоа ќе се сложи секој неутрален навивач. Како стојат работите овој клуб кој беше извор на славни фудбалски имиња и кој освои 8 трофеи во 90-те, за некое време може повторно да го гледаме во елитата.

За сите носталгичари по силниот италијански фудбал од 90-те и почетокот на новиот милениум има една убава вест. Клубот кој во тоа време ја имаше една од главните ролји полека, чекор по чекор се опоравува и се бори за кам бек онаму каде што и е местото.

Синоќа пред околу 10.000 навивачи Парма го совлада Лукезе со 2:1 и ја почна битката за пласман во Серија Б. Се работи за стартот на четвртфиналните двојки во Плејофот од третата италијанска лига позната како Лега Про.

На Парма и следува реванш на 4 јуни и доколку го мине Лукезе во полуфинале ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Козенца и Порденоне. Пласман во Серија Б може да завери ако потоа го мине и финалето каде во игра се уште и Лече, Алесандриа, Реџана и Ливорно.

Еден од најсилните италијански клубови влезе во неволја во 2015-та година откако банкротираше со долгови од над 200 милиони евра. Потоа тргнаа од почеток од Серија А со ново име Парка Калчо 1913 и успеаа експресно да се пласираат во Серија Ц и тоа без пораз.

Сега нивната задача е преку баражот да изборат промоција во Серија Б, каде директен пласман како првопласиран обезбеди екипата на Венеција предводена од Пипо Инѕаги.

Инаку двоен стрелец за Парма кој инаку направи пресврт на средбата е 35 годишниот Емануеле Калајо кој играше во Серија А за Наполи, Џенова, Катанија и Сиена. Ова е неговиот втор гол на средбата.

А ова е поглед трибината на навивачите на Парма, но снимано од трибината каде се сместени гостите.

За Парма пред неколку дена се појави информација дека ќе биде купена од страна на кинески бизнисмени кои планираат за потпретседател на клубот да го назначат Хернан Креспо кој би добил одврзани раце околу одлуките за купување на играчи и смена на тренери.

За потсетување Парма во 90-те беше двократен освојувач на Купот на УЕФА (1995 и 1999), Куп на куповите на победниците (1993), Супер Куп на Европа (1993), Куп на Италија (1992, 1999, 2002) и Супер Куп на Италија (1999).

1 јуни 2017 - 14:01