Цар Жозе му направи класичен македонски муабет на преведувачот

Ете ти нова прес конференција која се надоврзува на нашата вчерашна статија со наслов „Најповторуваните и најдосадните изјави на тренерите“. Мурињо беше два пати во Скопје, го сакаме пак. Роден е за шоу.

По мечот Рома - Салцбург 2:0, на пресот немаше ниту еден австриски новинар. Жозе му се врти на преведувачот со следниов муабет: Земај парите и оди си дома :)))).

Интересен беше да се слушне и во вториот дел од ова видео.

„Се вратија нашите најверни навивачи. Додуше тие што се на трибината позади мене уште спијат, ама тоа е нивниот профил. Можеби биле прејади пред натпревар или на полувреме“.

Најповторувани и најдосадни изјави на македонските тренери

24 февруари 2023 - 10:55