Бундеслигата најефикасна, Премиер лигата најбогата, Лига 1 најнеизвесна

Два и кусур месеци ќе бидеме без фудбал во најсилните 5 топ лиги во Европа, па време е за анализи и компарации. Во Германија сезонава во просек имало двојно повеќе публика на стадионите од Италија и Франција.

Кога се зборува за кладилница не е џабе кажано дека Германците даваат најмногу голови. Доказ за тоа е дека изминатава сезона во Бундеслигата во просек паѓале по 2,77 голови или 51% од натпреварите имале по 3 или повеќе голови по натпревар.

Германците се број 1 и во полнење на стадионите. Тие во просек имаат најмногу публика, но и најголеми стадиони, додека во Премиер лигата просечно има најмногу исполнети стадиони до последно место.

Англичаните се незадржливи и во трошењето на парите па така за сезоната 2014/2015 потрошиле 529 милиони евра, неспоредливо со една Серија А каде за засилувања биле издвоени 38 милиони евра.

Во Лига 1 изминатава декада имало 6 различни шампиони, а Серија А сè уште не може да го сруши рекордниот трансфер на Хернан Креспо од пред 15 години.

1 јуни 2015 - 18:28