Берлускони ја предвиде иднината на фудбалот уште во 2007-ма

Неколку кратки, ама точни поенти на легендарниот газда на Милан во врска со тоа кој на каде движи во фудбалот. Налетот на Арапите кој не застанува, го гаѓа во целост.

Силвио Берлускони зборува песимистички во година кога веројатно повеќе или сите биле оптимисти. 

Неговиот Милан во 2007-ма ја освои Лигата на шампиони, а една година претходно Италија стана светски шампион.

„Гледам дека Серија А станува сè полоша. Сега сме лидери, но за 15 години ќе бидеме супермаркет. Премиер лига ќе биде број 1 со сите останати зад нив. Немаме средства.

Потоа Арапите ќе влезат во фудбалот и веќе ќе немаме никаква привлечност. Нема инфраструктура или нови стадиони. Сè уште сме назад 30 години.

Дали знаете дека Арапите градат цели градови во пустина?

Има толку многу економска сила во таа област што тие дефинитивно нема да запрат и ќе влезат во фудбалскиот свет бидејќи тоа е најголемиот бизнис кој дава најголема видливост.

Што нудиме и кој е нашиот апел? Ако владата не интервенира, ние ќе бидеме третото тркало. Во Англија ги поттикнуваат децата да играат фудбал, а владата обезбедува средства за фудбалските академии.

Тоа го прават и во Германија. Владата обезбедува финансии за бесплатен упис на децата во академиите.

Во Италија стоиме во место. Кога зборувам за овие работи, луѓето мислат дека сум луд. Јас ја гледам иднината и сум искрен со вас“.

28 јуни 2023 - 09:40