Барселона “плати“ една третина за „Емирати“

Арсен Венгер редовно продава скапи играчи од својот состав, а со тоа темпо ќе им помогне на „Арапите“ да го исплатат стадионот кој го изградија во Лондон.

Стадионот „Емирати“ кој беше отворен во 2006 година, газдите на Арсенал го изградија за 390 милиони фунти. Според есапот со трансфери на релација Арсенал - Барселона, Каталонците ја наполниле касата на „Топџиите“ колку една третина од вкупната вредност на стадионот.

Во последните петнаесетина години Арсенал на Барелона им ги продаде звучните фудбалски имиња Овермарс, Пети, Ван Бронкорст, Анри, Хлеб, Сонг и Фабрегас, а последниот трансфер беше оној со стоперот Вермален кој чини 15 милиони фунти.

11 август 2014 - 12:27