Барселона интернационале

Успесите на Барселона се темелат на многу нешта почнувајќи од одлично организираната младинска академија од каде излегуваат многу таленти. Доказ за нивниот квалитет е што во сите категории имаат дури 57 репрезентативци, а еден од нив е се разбира и Давид Бабунски.

Шпанскиот гигант кој слободно може да кажеме дека е една од најдобро организираните спортски институции, може да се пофали со богат интернационален фонт на играчи кој не се темели само на шпански фудбалери.

Во Барселона има вкупно 57 интернационалци кои доаѓаат од 12 различни земји, а тоа се: Шпанија, Чиле, Аргентина, Бразил, Камерун, Холандија, Португалија, Парагвај, Франција, Германија, Јужна Кореја и Македонија.

Во сениорските селекции, дел од шпанската репрезентација се: Валдес, Пике, Фабрегас, Пујол, Чави, Педро, Иниеста, Бускетс, Алба и Тело. Од Бразилската селекција доаѓаат Нејмар, Алвес и Адриано, Аргентинци се Меси и Маскерано, Чилеанец е Санчес, Холанѓанец е Афелаи, Камерунец е Сонг, Парагваец е Санабрија и од македонската фудбалска репрезентација е Давид Бабунски.

Останатите репрезентативци од Барселона настапуваат за селекциите до 21 година, како и за останатите три младински селекции за играчи до 18, 17 и 16 години. Највозрасен е 35 годишниот Карлос Пујол, а најмлад е 14 годишниот Пена кој настапува за шпанската репрезенрација до 16 години.

Со оглед на тоа што секоја репрезентација ја претставуваат најдобрите играчи, Барселона може да се пофали со 57 такви од 12 земји.

26 октомври 2013 - 19:04