Time for Africa

Атласките лавови кои отидоа на Светско без примен гол

Репрезентацијата на Мароко го победи Брегот на Слонова Коска со 0:2, се пласираше на Мундијалот 2018 и за првпат после 1998 година ќе игра на едно Светско првенство.

Во саботата вечер во Абиџан, репрезентативците и стручниот штаб на Мароко прославија фантастичен успех.

Пласманот на Мароко значи и дека првпат во историјата на едно СП ќе играат четири арапски репрезентации - Саудиска Арабија, Египет, Тунис и „Атласките лавови“ на кои им го посветуваме текстов.

Двократниот освојувач на Купот на африкански нации предводен од селекторот Ерв Ренар не прими ниту еден гол во шест квалификациски меча за Светско. Ниту силниот напад на Брегот на Слонова Коска, ниту Габон со Обамејанг не успеаа да го совладаат голманот на Нумансија (втора шпанска лига) Мунир.

ЕБОЛА И САНКЦИИ

Фудбалскиот пат на Мароко не беше нималку лесен. Во 2014 година властите на оваа земја со 33,8 милиони жители објавија дека го откажуваат домаќинството на Африканскиот Куп на нации поради вирусот Ебола којшто ја порази северна Африка.

Раководството на Конфедерацијата брзо најде замена - Екваторијална Гвинеја која што го организираше КАН во 2012 заедно со Габон се понуди за помош.

Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) не можела да ги остави Мароканците без санкции:

„Правилата се еднакви за сите. Може да се сетите дека Нигерија во 1996 година го бојкотираше Купот на Африкански нации а после тоа беше отстранета од учество на сите турнири во следните четири години. Не може да има двојни стандарди“, рекол тогаш претседателот на КАФ, Иса Хајату.

ИСТОРИСКИ УСПЕХ СЛАВЕН ЕУФОРИЧНО

Сега ние не би можеле да зборуваме за првиот пласман на Мароко на едно Светско уште од 1998 година ако КАФ и ФИФА немале милост: Кралската фудбалска федерација на Мароко била казнета со 50.000 долари и суспензија на арапската репрезентација на два Африкански Купа на нации.

Класичниот проблем на репрезентацијата на Мароко бил тоа што талентираните фудбалери од оваа земја често се решавале за други репрезентации. Но честа да се игра за својата татковина ја вратија неколку фудбалери. Необично во целата селекција има само еден репрезентативец кој е роден во Мароко и тоа Набил Дирар кој игра во Фенербахче. Сите други се родени во Франција, Холандија и Шпанија.

Например, главната ѕвезда и капиетнот Мехди Бенатија е роден во Франција, никогаш не играл во Мароко но ја избра земјата на своите родители. Бенатија сега е идол во цел Мароко: по триумфот над Габон во октомври излегол на улица да слави заедно со обичниот свет. Друга ѕвезда на репрезентацијата на Мароко е напаѓачот на Ајакс Хаким Зиех (така го изговараат во Холандија а за Мароканците е Зиеш).

Селекторот на Мароко, Французинот Ерве Ренар

Талентираниот центарфор е роден во Холандија и долго не можел да се реши кого да претставува во меѓународната арена. Мароканците повеќе настојувале и пред пар години Зиех дебитираше за африканската селекција.

На тоа остро реагираше легендарниот центарфор и селектор на Холандија Марко Ван Бастен: „Глупаво решение. Изгледа дека Хаким немаше трпение и го избра Мароко“. Но Зиех беше во право. Во Русија ќе оди тој, но не и Холанѓаните.

За Мароко игра и новиот десен бек на Реал Мадрид, талентираниот Ашраф Хакими. Тој само што наполни 19 години а веќе е стандарден во „Кралскиот клуб“. Хаким исто има двојно државјанство - роден е во Мадрид и теоретски можеше да игра за Шпанија. Но решил да не ја повтори одлуката на Мунир Ел Хадади, детето на Барса кое ретко го гледа шпанскиот дрес.

Во Мароко има и други квалитетни играчи. Мануел Да Кошта и везниот играч Мбарк Бусуфа кои го водеа Мароко до Мундијалот.

Најголема мароканска заедница има во Белгија поради што синоќа во Брисел славјето во еден момент преминало во сериозни нереди па 22 полицајци биле повредени во судир со Мароканците.

МАРОКО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП2018

Ја победија Екваторијална Гвнијеа во баражот за квалификации (во Африка се играат предквалификации) со 2:0 после поразот од 1:0.

Во клучната групна фаза играа 0:0 на гости со Габон и дома со Брегот, па го декласираа Мали со 6:0 (Зиех 2, Бутаиб, Хакими, Фахр, Махи). Ремизираа 0:0 со Мали на гости, го победија дома Габон 3:0 (Бутаиб хет-трик) и синоќа славеа убедливо 0:2 (Дирар и Бенатија) против Брегот на Слонова Коска на гости.

Прво место со 3 победи, 3 ремија, без пораз со гол-разлика 11:0. Селектор на Мароко е Французинот Ерве Ренар а прв стрелец Халид Бутаиб (игра во турскиот ЈЕНИ Малатјаспор) со 4 гола.