Анри објаснува зошто е праведно поништен голот на Лајпциг

Многу полемики предизвика поништениот гол на Лајпциг уште во 2 минута од осминафиналето против Реал. Нејаснотиите произлегоа од кој друг ако не од судијата и заспаните колеги во ВАР собата кои често сезонава прават грешки. Овде не е проблематична позицијата на стрелецот Бенџамин Шешко, туку на Бенџамин Хенрикс кој од офсајд позиција го турка малку голманот, доволно за поништување на голот.

Според фудбалските правила, во петерец, која е зона на голманот, обично се суди и минимален прекршок, каков што е овој пример. Но судијата внесе конфузија, бидејќи место прекршок, досуди офсајд.

Зарем не е ова чист гол за Лајпциг?

Сите одбрани на анонимниот Украинец кој блесна на голот за Реал

Душманскиот старт на Карвахал кој помина без фаул

Соло мајсторија на Брахим Диаз за победа на Реал, Сити со една нога е во четвртфинале

14 февруари 2024 - 09:36