Американците не можат да го сопрат Меси, растур систем на пет меча по ред

Најновата жртва на Интер Мајами и Лео Меси е Шарлот кој го декласираа со 4:0. Нема натпревар кој поминува без гол на светскиот првак.

Интер Мајами продолжува да реди победи и со триумф од 4:0 обезбеди полуфинале во Лига Купот.

Меси, Бускетс, Жорди Алба и компанија играат одлично и се во битка за трофеј, како добра увертира пред стартот на МЛС лигата.

Меси го постигна последниот погодок на мечот во 86-та минута за серија од 5 од 5 како и сега вкупно 8 гола откако е дојден во САД.

Резултатот го отвори Мартинез со гол во 12. минута од пенал, Тејлор во првиот дел зголеми на 2:0, а 8 минути пред голот на Меси на листата на стрелци се запиша Маланда.

12 август 2023 - 09:47