Амброзини го сонувал Мајкон, а Бонавентура не знае кој е главен град на Кина

Клаудио Раниери сака да го изговори тоа за кое сонуваат тој. играчите и навивачите, но вели дека не е Обама. Газета дело Спорт ги собра најинтересните изјави дадени во текот на изминатава недела.

„Јас сум како жена, можам да правам наеднаш повеќе работи“ -  Пеп Гвардиола.

„Мората беше лут за измената, а јас лут повеќе од него бидејќи не одигра како што треба“ - Масимо Алегри по победата на Јувентус над Џенова.

„Роналдо е екстра квалитетен играч, а неговиот проблем е можеби тоа што премногу е протагонист. Мисли дека јас имам потреба да зборувам со него, но не е така, а ако ме праша некој нешто за него ќе одговорам бидејќи е јавна личност. Не ми се допаѓа неговиот однос, исто како што јас не му се допаѓам нему. На доделувањето на Златната топка без да го поздравам од култура, но тој беше нервозен и не сакаше да ме поздрави. Не е страшно, пак спиев мирно“ – Дани Алвеш.

„Кој е главен град на Финска? Рејкјавик? Не тоа е на Исланд. На Кина? Шангај. Не, Пекинг. А на Швајцарија? Женева. Не, Берн“ – интервју на мало дете со Бонавентура од Милан.

„На терен има 6 судии кои треба да ги следат ситуациите на терен. Ако постојат правила треба да бидат исти за сите. За жал за нас има различни правила од почетокот на годинава“ -  Роберто Манчини по поразот од Милан.

„Се вели дека Ван Гал секогаш има проблеми со Јужноамериканците. За волја на вистината јас никогаш не сум ги имал. Но тој има тежок карактер и понекогаш не е лесно за играчите да излезат на крај со него“ - Гулиернмо Валера, дефанзивец на Манчестер Јунајтед.

Берлускони преферира спектакл и доминација?

„Можеби треба да му го задоволиме вкусот. Но ако поставиме прашање каков беше стилот на Милан во времето на Шевченко, Пирло, Сидорф, Гатузо, не знам дали сите ќе одговорат исто. Според вас? Победуваше од контра напади. Јас го гледав на ТВ од мал“ – Хонда

„Навечер го сонував Мајкон и понекогаш не сакав да трчам покрај него и му велев оди, оди и многу пати за жал одеше“- Масимо Амброзини.

„Би сакал да кажам: `Да, можеме`. Но не сум Обама“ - Клаудио Раниери.